Гитара
Гитара

Wednesday, 20 August 2014
Гитара
Гитарата е музички инструмент со стапала, кој се користи во разновидни музички стилови и е исто така познат како соло класичен инструмент. Во популарната култура најчесто се смета како примарен инструмент во блуз, кантри, фламенко и рок музиката. Гитарата вообичаено има шест жици, но постојат и гитари со седум, осум, десет, единаесет, дванаесет и осумнаесет жици.
Историја на гитарата
Иструментите слични на гитарата биле популарни најмалку во последните 5.000 години. Изгледа дека гитарата потекнува од пораните иструменти познати во древна централна Азија како цитара. Инструменти многу слични на гитарата се појавуваат и во антички статуии и цртежи ископани од стариот ирански главен град Суза. Модерниот збор, гитара, бил усвоен во македонскиот јазик од средновековниот андалузиски арапски , кој потекнува од пораниот латински cithara, кој пак доаѓа од грчкиотзбор китара, кој пак потекнува од старо-персискиот збор sithar.
Зборот qitara е арапско име за разни членови на семејството на лејти кое биле претходник на западната гитара. Името guitarra било воведено во шпанскиот јазик кога таквите инструменти биле донесени на Иберија од Маврите по X век.
Најраната шест-жичана гитара била направена во 1779 од Гаетано Винасија (1759 - по 1831) во Неапол, Италија. Семејството Винасија е познато по развивањето на мандолината. Оваа гитара била прегледана и не покажува знаци на модификација од друг тип на гитара.[6]
Модерните димензии на класичниот инструмент биле воспоставени од Антонио Торес Хурадо (1817-1892), кој работел во Севиља во 1850-тите. Торес и Луиз Панормо во Лондон (активен 1820-ти до 1840-ти) биле одговорни за демонстрирањето на супериорноста тој изглед на гитарата.
Електричната гитара била патентирана од Џорџ Бошам во 1936. Бошам бил ко-основач на Rickenbacher кои го користеле магнетот во форма на потковица. Сепак, Danelectro биле оние кои први произвеле електрични гитари за пошироката јавност. Danelectro исто така биле пионери во технологијата на лампашки засилувачи.
Tuesday, 19 August 2014
Subscribe to:
Posts (Atom)